Шкендија не успеа да направи предност во првиот меч од квалификациите за фудбалската Лигата на шампионите против словенечкиот тим Мура, губејќи на арената „Тоше Проески“ со 0-1.
Хрватот Лука Бобичанец во 28. минута го постигна единствениот гол на мечот, откако беше прецизен од белата точка, по што тетовци имаа совршена шанса да израмнат во финишот на полувремето, кога беше досуден пенал за Шкендија. Меѓутоа, Бесарт Ибраими не успеа од белата точка, за незгоден пораз и многу мали шанси за пласман во следното коло.
Поразениот од овој двомеч заминува во новата Конференциска лига на УЕФА.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, КВАЛИФИКАЦИИ
Шкендија (Мкд) – Мура (Сло) 0-1
Ференцварош (Унг) – Приштина (Кос) 3-0
Флора (Ест) – Хибернијанс (Мал) 2-0
ХЈК Хелсинки (Фин) – Будуќност (ЦГо) 3-1
ЦФР Клуж (Ром) – Борац Бања Лука (БиХ) 3-1
Жалгирис (Лит) – Линфилд (СИр) 3-1
Фола (Лук) – Линколн (Гиб) 2-2