Првакот на Македонија, тетовска Шкендија, загуби од норвешкиот шампион Розенборг во првиот плејоф-меч во Лига Европа (ЛЕ), со 1-3, и со минус од два гола ќе влезе во реваншот, в четврток, 30 август, во Скопје. Победникот од овој двомеч, како и од преостанатите 20, ќе се квалификува за групната фаза во ЛЕ, во која ќе настапат вкупно 48 екипи поделени во 12 групи.
Реванш-натпреварите ќе се играат на 30-ти, а ждрепката за составот на групите е на 31 август.