Тетовска Шкендија го декласира во Скопје велшкиот претставник ТНС со убедливи 5-0 во рамките на 1-то квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите (ЛШ), постигнувајќи една од најубедливите победи во оваа конкуренција од македонските клубови.
Се чини со овој убедлив триумф, во кој најдобриот стрелец и фудбалер за минатата сезона во македонската Прва лига, Бесарт Ибраими, постигна четири погодоци, а Изаир Емини еден, е доволен уште отсега за тетовци да размислуваат за следниот ривал во 2-то квалификациско коло. А, таму Шкендија ќе ја чека подобриот од дуелот помеѓу грузиски Торпедо и молдавски Шериф. Првиот нивен дуел во Грузија заврши со минимална победа со 2-1 на домаќините.
Вчера во Скопје, пак, македонскиот претставник во квалификациите за пласман во Лига Европа (ЛЕ), прв почна Работнички, против квалитетниот унгарски клуб Хонвед. Денеска Вардар му гостува на ерменски Пјуник, а Шкупи на шкотски Глазгов ренџерс.