По влечењето на ждрепка за првото квалификациско коло на Лига Европа, македонските претставници добија три гостувања, и тоа на Кавказот – Шкендија и Шкупи ќе играат во Азербејџан, додека Ренова ќе патува во Ерменија.
Шкендија ќе гостува кај азебејџанскиот Сумгаит, Шкупи ќе биде гостин на Нефчи, додека Ренова ќе патува во Ерменија на гости кај Алашкерт. Сите мечеви се играат на 27 август, а исто како во Лигата на шампионите се игра само по еден меч.
За потсетување, и Силекс, кој настапува во Лигата на шампионите ќе гостува на брегот на Каспиското Езеро, откако во првото коло игра со шампионот на Азербејџан, Карабаг.