Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Германија, Бастијан Швајнштајгер ја заврши професионалната играчка кариера. Екс-играчот на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, кој последните две години настапуваше за тимот на Чикаго Фајр одлуката ја соопшти на Твитер.
– Драги навивачи, дојде часот. Ја завршувам кариерата како активен играч на крајот на сезоната. Сакам да им се заблагодарам на сите, Баерн, Јунајтед, Чукаго, селекцијата на Германија. Направивте се да е незаборавно за мене. Сакам да и се заблагодарам на сопругата, Ана Ивановиќ и на моето семејство за поддршката. Да му речеш збогум на фудбалот, мене ме прави малку носталгичен, но им се радувам на новите предизвици кои се пред мене и со кои ќе се соочам наскоро. Ќе му останам верен на фудбалот. Фала на сите за убавите заеднички моменти. Секогаш ќе имате посебно место во моето срце. Ваш Басти – напиша фудбалерот на Твитер.
Швајнтајгер за селекцијата на Германија одигра 121 меч во периодот од 2004 до 2016 година и беше член на тимот што го освои Светското првенство во 2014 година, во Бразил.
За Баерн одигра 500 натпревари пред во 2015 година да премине во Манчестер Јунајтед, но епизодата на „Олд Трафорд“ беше кратка и неуспешна, па во 2017 година потпиша за Чикаго.