Александар Чеферин беше реизбран за претседател на УЕФА со нов четиригодишен мандат. Педесет и едно годишниот Словенец беше единствениот кандидат за функцијата за време на годишниот конгрес на централата во Рим и беше утврден на функцијата со одобрение на делегатите на 55-те земји членки на УЕФА.
Чеферин е на чело на УЕФА од 2016 година, кога беше назначен на функцијата на местото на Мишел Платини, кој беше отстранет за кршење на етичкиот кодекс на централата. Словенецoт е седмиoт претседател на УЕФА.
Во меѓувреме стана јасно дека Европската фудбалска централа очекува рекордни приходи во сезоната 2019/20.
– Буџетот за сезона 2019/20 ќе биде насочен главно кон европското првенство и тоа ќе ни овозможи да ги зголемиме приходите кои се очекува да бидат рекордни – 5 милијарди и 725 милиони евра. Вкупните приходи на Европското првенство ќе надминуваат 2 милијарди, а на претходното европско во 2016 година беа 1,9 милијарди – изјави финансискиот директор на УЕФА Јозеф Колер.