ПСЖ скапо го плати освојувањето на трофејот во синоќешното финале на Лига купот. „Светците“ по изведувањето на пенали го победија Лион со 6-5, откако натпреварот заврши 0-0 по 120 минути игра. Труимфот со кој ПСЖ ја обезбеди тројната круна во Франција сезонава, мина во знакот на повредите со кои се здобија тројца фудбалери.
финалето во Лига купот предвреме го завршија Мауро Икарди, Левин Курзава и Тијаго Силва. На претходниот меч, финалето на Купот, се повреди Килијан Мбапе.
Според француските медиуми Мбапе нема да игра против Аталанта во четврт-финалето во Лигата на шампионите, додека под голем знак прашалник се тројцата кои се повредија синоќа. ПСЖ ќе игра против Аталанта на 12 август.