Во првата квалификациска рунда во Лига Европа (ЛЕ), Академија Пандев убедливо загуби од босански Зрињски од Мостар со 0-3.
Избраниците на Југослав Тренчовски тешко го започнаа натпреварот, примајќи го првиот гол по само 12 минути, а по 16 минути гостите од Босна и Херцеговина го постигнаа и вториот гол за водство од 2-0.
Конечниот резултат Зрињски го постави по само десетина минути игра во вториот дел, со што се заокружи првото коло на настапите на македонските претставници во квалификациите на ЛЕ.
Претходно денес, Македонија Ѓорче Петров (ЃП) беше поразена со 3-1 од Алашкерт во Ерменија, додека Шкупи одигра 3-3 на гостувањето во Ѓумри кај Пјуник.