Кон нас фрлаа шишиња и камења, а фудбалерите се обидуваа да се скријат под автобусот, рече за овој инцидент, тренерот на Монтагва, Диего Васкез.
Најмалку три лица загинаа, а четири се повредени во судир на навивачите на фудбалските клубови Олимпија и Монтагва во пресрет на фудбалски меч од првенството на Хондурас. Инцидентот со тешки последици се случил пред стадионот во Тегусигалпа. Како што јавуваат тамошните извори, во тамошната болница биле примени седум навивачи, од кои тројца им подлегнале на повредите, а преостанатите четворица во тешка здравствена состојба се задржани на лекување. Поради овој тежок инцидент, тамошната национална фудбалска лига го суспендира овој меч.
Се верува дека нередите избиле кога бил нападнат автобусот во кој биле играчите на Монтагва, додека фудбалерите Емилио Изагире, Џонатан Ругијер и Роберто Мореира, биле кратко задржани и во болница.
– Кон нас фрлаа шишиња и камења, а фудбалерите се обидуваа да се скријат под автобусот, рече тренерот на Монтагва, Диего Васкез.
Во стампедото, кое потоа се случило на стадионот на кој биле присутни околу 10.000 навивачи, а се интензивирало во моментот кога немирите почнале на паркингот и околните улици пред стадионот, се повредени и најголемиот број луѓе. Надвор од стадионот, пак, нив ги чекале солзавец и голем број полицајци, кои, пак, веќе биле во судир со припадниците на навивачките групи.
Полицијата пред натпреварот распоредила околу 5.000 свои припадници внатре и пред стадионот, оти според процената на службата за безбедност, станувало збор за дуел од висок ризик.
За жал, тоа не ја спречило трагедијата што потоа следувала. Процентот на насилство и криминал на улиците во Тегусигалпа и во другите градови во оваа држава во Средна Америка е во пораст во последните години.