Македонските репрезентативци во редовите на Палермо, Александар Трајковски и Илија Несторовски беа стрелци во победата над Падова остварена попладнево на гостински терен со 3:1.
Домаќините први дојдоа во водство во 30.минута со голот на Бонацоли, а до крајот на полувремето Трајковски изедначи по асистенцијата на Несторовски.
Во вториот дел најпрво Рајковиќ му донесе предност на Палермо, а победата ја запечати Несторовски со 70.минута.
Палермо од 14 одиграни натпревари има 29 бода и е прв на табелата.
Несторовски досега има постигнато шест погодоци, додека Трајковски четири пати се запиша во листа на стрелци од почетокот на сезоната во Серија Б.