ФУДБАЛ

Едно од најчестите прашања во светот на фудбалот кој е подобар играч Лионел Меси или Кристијано Роналдо доби еден одговор со помош на суперкомпјутер. Професори од универзитетот „Леувен“ во Белгија и аналитичари од Сај-спортс изработиле формула за да добијат одговор.

– Вредноста на фудбалерите често се заснова на голови и на асистенции. Головите се редок настан, но се проценува дека за време на натпревар во просек се играат околу 1.600 акции. Нашиот модел ги зема предвид сите овие дејства, удари, асистенции, дриблинзи, дуели и се пресметува нивната вредност – објасни професорот Џеси Дејвис.

Во анализата, тие ги користеле податоците на двајцата играчи од почетокот на сезоната 201320/14 до крајот на сезоната 2017/2018, кога Роналдо замина од Реал. Суперкомпјутерот дошол до заклучок дека коефициентот на Меси на ВAEП (вреднување на дејства со процена на веројатности) е 1,21 по натпревар, а на Роналдо е 0,61.

– Според пресметките, тие беа рамноправни во првите две сезони, но Меси направи разлика во сезоната 2015/2016. Има играчи што учествуваат во многу активности, но немаат висока вредност, но има и играчи што помалку учествуваат во играта, но имаат големо влијание. Но Меси е исклучителен во таа област, затоа што има многу голем број дејства што имаат голема вредност – објасни Том Декрос, студент што учествувал во истражувањето.