Фудбалскиот клуб Џенова објави дека голманот Матија Перин е позитивен на коронавирусот.
– Играчот е во самоизолација и ќе го пропушти натпреварот со Наполи. Матиja има покачена телесна температура, денес тој немаше контакт со соиграчите – објави клубот.
Џенова во чии редови игра Горан Пандев, утре од 18 часот ќе гостува во Неапол. Против Наполи на голот на Џенова ќе застане Федерико Маркети. Натпреварот ќе се одигра бидејќи сите останати играчи имале негативни тестови.