Синот на бразилската фудбалска легенда Роналдињо, Жоао Мендеш, се обидел да го скрие својот идентитет за време на пробите во бразилскиот клуб Крузеиро, пренесе „Глобоеспорте“.
Тринаесетгодишниот Жоао сакал да ги импресионира тренерите во тимот со својата игра, а не со името на легендарниот татко.
Според изданието, тој оставил позитивен впечаток со своите квалитети, но се уште не може да потпише договор со клубот заради возраста.
Претходно, тинејџерот тренирал и за поранешниот тим на Роналдињо – Пари Сен Жермен, кој има своја база во главниот град на Бразил.