Безмалку 30 илјади навивачи го следеа тренингот на фудбалската репрезентација на Аргентина, во Буенос Аирес во неделата, во рамките на подготовките за Светското првенство во Русија.
– Меси беше како во бања, поради пареата создадена од бројните навивачи – напиша „мундодепортиво“.
Станува збор за рекордна посетеност на тренинг на аргентинската репрезентација, а поголемиот број од присутните беа деца кои извикуваа „Меси, Меси“ кога се појави најдобриот фудбалер на јужноамериканската селекција.
Крилниот напаѓач на Барселона на моменти беше опкружен со толпа од љубители на фудбалот, кои се обидуваа да се сликаат со него.
Меси и неговите соиграчи ќе тренираат во Аргентина до утре, по што ќе отпатуваат во Барселона, односно во Израел на 9 јуни, пред да заминат за Русија. Двократниот светски првак го игра првиот меч на Мундијалот на 16 јуни.