Кошаркарската репрезентација на Македонија ги почна квалификациите за Светското првенство во 2023 година со пораз од актуелниот светски првак Шпанија 65-94, во мечот одигран вечерва во Скопје.
Гостите имаа предност во текот на целиот натпревар, која достигна 33 поени разлика во третата четвртина (70-37).
Теодор Симиќ беше најефикасен кај Македонија со 18 поени, а Џејкоб Вајли уфрли 10, додека кај Шпанците се истакна Јанкуба Сима со 17 коша.
Во првиот меч од истата група Г, Грузија ја победи Украина со 88-83. Најдобрите македонски кошаркари во следниот дуел гостуваат кај Украина в понеделник.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2023, ГРУПА Г
Македонија – Шпанија 65-94 (14-21, 16-20, 17-29, 18-24)
Грузија – Украина 88-83 (28-24, 17-22, 19-20, 24-17)