Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио да Лима Роналдо преку Инстаграм разговарал со славниот италијански фудбалер Алесандро дел Пиеро.
Една од темите на нивниот разговор била и „Златната топка“. Бразилецот, која се пензионираше пред девет години, открил кој од неговата ера требало, а не ја добил наградата за најдобар играч во светот.
– Алесандро заслужи да ја освоиш „Златната топка“, исто како што ја заслужија и Тоти, Малдини, Раул и Роберто Карлос. Карлос два пати беше втор, но никогаш не ја доби наградата. Секогаш ве ценеа, но имам чувство дека дека и тоа признание требае да го добиете – рекол легендарниот бразилски напаѓач.
Роналдо во кариерата два пати ја освои „Златната топка“, во 1997 и 2002 година.