Кристијано Роналдо е во големи проблеми. Полицијата во Лас Вегас отвори случај по обвинение за силување од 2009 година. Тогаш Кетрин Мајорга го обвини Роналдо дека брутално ја силувал во својот апартман во хотел во Лас Вегас, каде што Мајорга работела како хостеса.
-Одлучно ги демантирам обвиненијата што се објавуват против мене. Силувањето е одвратно злосторство што е против сė што сум јас и во што верувам. Одбивам да го хранам медиумскиот спектакл создаден од луѓето кои сакаат да се промовираат на моја сметка. Мојата чиста совест ќе ми овозможи да ги чекам во мир резултатите од сите истраги – напиша Роналдо на Фејсбук.
Сега британските медиуми потсетуваат дека Португалецот и во 2005 година бил под истите обвиненија. Тогаш како 20-годишник бил уапсен и испитан бидејќи една девојка од Франција го обвини за силување во хотел во центарот на Лондон.
Седум недели подоцна судот одлучи дека нема доволно докази за подигање на обвинение.
Уште една жена тврдеше дека Португалецот сексуално ја вознемирувал неа и нејзината роднина истата ноќ, но подоцна го повлече обвинението.
Адвокатот на мајорга Лесли Стовали ги повика сите останати евентуални жртви на Роналдо да му се јават.