Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, изјави дека треба да се има реален пристап и според негово мислење тие не се наоѓаат меѓу фаворитите за освојување на трофејот на Светското првенство во фудбал.
– Знам дека не сме фаворити. Треба да бидеме реални, но во фудбалот ништо не е невозможно. Сметам дека треба да одиме чекор по чекор. Првите натпревари во групната фаза ќе бидат многу тешки, но имаме играчи со кои можеме да тежнееме кон повисоки цели. Мора да се бориме до крај и да дадеме се од себе. За нас е привилегија што можеме да ја претставуваме Португалија, истакна Роналдо на приемот кај португалскиот претседател Марсело Робело де Соуза пред заминувањето во Русија.
Португалија, која е европски шампион, на Мундијалот се наоѓа во група со Шпанија, Мароко и Иран.