Холандскиот фудбалер Робин ван Перси објави дека ќе стави крај на професионалната кариера на крајот од сезоната.
Сегашниот играч на Феенорд во својата интернационална кариера меѓу другите, беше дел и од екипите на Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Триесет и седум годишниот Ван Перси има трофеи од Премиер лигата, Уефа купот и ФА купот.
– Ставам крај по завршување на сезоната. Бев професионалец 18 години. Сега имам 37 години и сметам дека е време за фудбалска пензија – изјави Ван Перси.
Со 50 гола на 102 натпревари, тој е најдобар стрелец во историјата на холандската репрезентација со која беше втор на Мундијалот во 2010 година, а трет во 2014 година.