Арон Ремзи по крајот на сезоната може да си замине од Арсенал како слободен играч. Се најавува дека Ремзи кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.
Како што информира „Калчомеркато“ италијанскиот шампион следното лето потписот на Ремзи ќе го доби без да плати обештетување на Арсенал.
За услугите на фудбалерот се заинтересирани и Милан и Лацио.
Во тековната сезона, Ремзи одигра шест натпревари за Арсенал и постигна два гола.