Шпански Реал Мадрид трета година едноподруго триумфира во клупското Светско првенство, победувајќи го во финалето, во Абу Даби, домаќинот на турнирот, Ал Аин со 4-1.
Во мај годинава Реал стана првиот тим што трипати едноподруго победува во Лигата на шампионите (ЛШ), а сега и првиот со три титули светски првак во низа. Ова е рекордна четврта титула за Реал во последните пет години (2014, 2016, 2017 и 2018), една повеќе од Барселона (2009, 2011, 2015).
Хрватот Лука Модриќ го постигна првиот гол во финалните дуели и го освои 15-от трофеј со „кралевите“. Германецот Крос по петти пат во минатите шест години е во тимот што победува на клупското СП, во 2013-та со Баерн, а потоа во 2014, 2016, 2017 и 2018 година со Реал.