Ла лига од крајот од сезоната 2015/2016 не прогласува играч на сезоната со желба
да го реформира признанието
Во шпанската Ла лига размислуваат признанието за најдобар играч на сезоната во иднина да го именуваат според Аргентинецот Лионел Меси (31), ѕвездата на Барселона.
Меси е петкратен добитник на „златната топка“ намената за најдобриот фудбалер на светот, тој е најдобриот стрелец во историјата на Ла лига со 390 гола, а деветпати бил прогласуван и за играч на сезоната во Шпанија.
Ла лига од крајот од сезоната 2015/2016 не прогласува играч на сезоната со желба да го реформира признанието. Тебас вели дека постои расположение тоа признание да се именува според Меси, по завршувањето на кариерата, во чест на сѐ што сторил во фудбалот. Тоа би било слично на признанијата што ги доделува дневниот весник „Марка“, „Телмо Ѕара“ (за најефикасниот шпански фудбалер во сезоната), „Рафаел Пичичи Морено“ (за најефикасниот во сезоната) и „Рикардо Замора“ (за најдобар голман).
– Мислам дека Меси ќе биде најдобар во историјата на фудбалот, всушност тој веќе е. Тој почна да игра за Барселона како младо момче и секоја година изненадува и се чини како да нема граници за него. Тој е најдобар и мислам дека е одлична идејата трофејот за најдобриот играч во сезоната да се именува Лео Меси. Ако признанието „Ѕара“ е за најдобриот стрелец, зошто не Меси за најдобриот играч – вели Табас.
Тренерот на Барселона на прашањето што мисли за идејата за именување на признанието според Меси „одговори фудбалски“.
– Ме фативте во офсајд-позиција. Не знам што да кажам, можеби е добра, можеби е лоша идеја. Мислам дека треба да го прашате Меси за тоа, неговото име се спомнува тука – рече Валведре.