Репрезентацијата на Португалија денеска пристигна во Москва, главниот град на Русија, каде за пет дена почнува Светското фудбалско првенство.
Предводени од најголемата ѕвезда во своите редови, португалските фудбалери слетаа на аеродромот „Жуковски“ во близина на Москва.
Актуелните европски прваци на Мундијалот се во Б-групата каде што ќе играат против Шпанија (15 јуни), Мароко (20 јуни) и Иран (25 јуни).