Италијанскиот фудбалски клуб Милан го очекуваат големи предизвици на почетокот на 2019 година. „Росонерите“ прво ќе се соочат со Сампдорија, а потоа и против Јувентус во финалето на Суперкупот во Италија.
Покрај тешкиот распоред, славниот клуб, се соочува и со финансиски тешкотии.
Поранешниот извршен директор на Милан, Марко Фасоне, побара да добие надомест од 30 милиони евра за негово отпуштање во текот на летото, објави „Ла Република“.