Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, има намера да го напушти тимот во зима ако тренерот Жозе Мурињо не добие отказ пред тоа.
Како што објави „The Sun“, Погба ова им го соопштил на своите соиграчи на вчерашниот тренинг.
Според изворот, расколот меѓу францускиот репрезентативец и португалскиот стручњак постојано се гледа на тренинзите. Наводно, Погба го избегнува Мурињо и не разговара со него.
Претходно беше објавено дека постоела тензија и меѓу Мурињо и Алексис Санчез.
Ваквата атмосфера што владее кај трофејниот премиерлигаш се одразува и на игрите кои се далеку од очекувањата на навивачите и раководството на клубот.