Унгарскиот МОЛ Фехервар на македонскиот репрезентативец Бобан Николов победи во првиот меч од квалификациите за пласман во фудбалската Лига Европа, дома, на мечот со Вадуц од Лихтенштајн, со 1-0.
Победа дома славеше и кипарскиот АЕК на Иван Тричковски и на Даниел Мојсов, над Левски од Бугарија, со 3-0. Тричковски беше асистент на вториот гол. Шведскиот Норчепинг на репрезентативецот, голманот Давид Митов Нилсон дома славеше на дуелот со Лиепаја од Летонија, со 2-0.
Највисока победа во првите мечеви од второто квалификациско коло забележаа Вентспилс (4-0 дома со Гзира), Еспањол (4-0 дома со Стјернан), Гент (6-3 дома со Виторул), како и АЕК, Торино (3-0 дома со Дебрецин), ФЦСБ (3-0 на гости со Алашкерт) итн.
Реваншите се идната недела. Во третото коло директно се пласирани Сараево на македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски, потоа Антверпен, Феенорд, Брага, Спартак Москва, Риека…