ФУДБАЛ – ГЕРМАНИЈА

Роберт Левандовски постигна три гола и постави нов рекорд на Баерн според постигнати голови во последователни фудбалски натпревари, соборувајќи го претходниот рекорд што го имаше Герд Милер. Левандовски постигна барем еден гол на 16-ти меч по ред во победата со 5-0 на Баерн на мечот со Херта во 3. коло во Бундес-лигата. Милер имаше серија голови на 15 натпревари во низа во периодот помеѓу 1969 и 1970 година.

Серијата на Левандовски почна на 15 февруари 2021 година, кога тој му помогна на Баерн да ремизира 3-3 со Арминија. Тој во меѓувреме постигна хет-трикови (по три гола на еден меч) против Борусија Дортмунд, Штутгарт и Борусија Менхенгладбах. Левандовски (33) постигна 26 гола за време на неговата рекордна серија пред голот, а неговиот вкупен број погодоци во дресот на Баерн сега е 301 гол на 333 натпревари.