Фудбалерот на Пари Сен Жермен и на бразилската репрезентација Нејмар де Силва Сантос Јуниор истакна дека посакува да ја освои шампионската титула на Светското првенство во Русија.
Фудбалерот е увреден дека може да му помогне на Бразил да стане првак на светот.
– Мундијалот е најголемо натпреварување на светот. Сакам да играм и да бидам шампион. Светското првенство мора да биде мое – истакна Нејмар.
Бразилскиот фудбалер, кој поради повреда не настапуваше од февруари, наведува дека полека се враќа на терен.
– Почнав да тренирам со топка и се чувствувам добро. Секако и понатаму постои страв, но одиме полека – нагласува Нејмар.
Бразил на Светското првенство е во групата Е и ќе игра против Србија, Швајцарија и Костарика.