Младиот француски фудбалер на Авр, Самба Диоп почина денес, од непознати причини, објави клубот.
Поради ненадејната смрт на 18-годишниот Французин, натпреварот од француската Втора лига помеѓу Авр и Ремс е одложен, додека останатите ќе почнат со минута молчење.
– Ова е ужасен момент за целиот клуб. Најавуваме со голема тага дека Диоп почина – соопшти Авр.
Диоп играше стандардно за вториот тим на Авр во четвртиот ранг на Франција и беше член на младинската селекција на таа земја.