На листата на шпанскиот дневен спортски весник „Марка“ со фудбалски sвезди што биле блиску до потпишување за Реал Мадрид низ годините се и Гулит, Клинсман, Матеус, Анри, Виеира…

ФУДБАЛ – СПОРЕД ШПАНСКА „МАРКА“

Менаџер на Роберт Левандовски неодамна изјавил дека полскиот интернационалец бил блиску да му се придружи на Реал Мадрид пред неколку години, пишува шпанскиот дневен спортски весник „Марка“, но центарфорот на германскиот Баерн не е единствениот, откако голем број други светски фудбалски sвезди биле блиску до потпишување за Реал Мадрид низ годините. Така, на оваа необична листа „Марка“ стави повеќе светски ѕвезди од сегашноста и од минатото.
Според шпанскиот весник, блиску до трансфер во Реал Мадрид бил Аргентинецот Диего Марадона, кого прво го барал Алфредо ди Стефано кога бил тренер на клубот во 1982 година, а вториот обид бил откако Марадона играше за Барселона и за Наполи.

На листата е и Холанѓанецот Руд Гулит, кој од ПСВ Ајндховен замина во Милан, каде што играше со успех, потоа во 1992 година блиску до Реал Мадрид бил Германецот Јирген Клинсман, како и неговиот сонародник Лотар Матеус (пред да се врати во Баерн), а „Марка“ пишува дека Французинот Тиери Анри дури бил регистриран за настап (сепак, Анри од Монако замина во Арсенал, а подоцна и во Барселона).
На листата на „Марка“ за фудбалери што биле блиску до трансфер во шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид се и Французинот Патрик Виеира (играше за Арсенал), Италијанецот Франческо Тоти (цела кариера во Рома), Давид Вилја, Санти Казорла…