Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, изјави дека нема намера во клубот да ги донесе Карим Бензема и Анхел ди Марија, додека Единсон Кавани би го ангажирале само ако се согласи на двојно помала плата.
Наполи во новата сезона ќе го предводи тренерот Карло Анчелоти, поради што се појавија гласини за нови трансфери во клубот.
Но, Де Лаурентис за италијанските медиуми ги демантираше овие гласини.
– Ди Марија и Бензема? Toa e голема лага. Изненаден сум бидејќи информацијата ја објави „Кориере дело спорт“, а нивниот уредник е искусен новинар. Mеѓу мене и тренерот Анчелоти постои договор. Зошто Наполи би ги донел тие двајца старци? Не морам да ги задоволам навивачите, тие мора да почекаат да го сработиме нашиот дел – истакна Де Лаурентис.
Првиот човек на Наполи за Кавани наведе дека е одличен играч, но дека клубот не би можел да ја издржи платата која ја зема во ПСЖ.
– На Кавани можеме да му понудиме само 8,5 милиони евра по сезона, но не верувам дека би се жртвувал и откажал од парите – нагласи Де Лаурентис.
Тој исто така ги отфрли гласините дека клубот е заинтересиран за Радамел Фалкао од Монако.