Управата на Манчестер Јунајтед ги демантираше информациите за нов скандал помеѓу Жозе Мурињо и Пол Погба.
Весникот „Сан“ објави дека и двајцата влегле во сериозна расправија за изјавите на фудбалерот по натпреварот во Лестер, за кои стратегот бил исклучително задоволен.
„Црвените ѓаволи“ ги опишаа публикациите како „апсолутна глупост“ и истакнаа дека односот меѓу нив е добар.
Сепак, според извештајот, врската меѓу нив е веќе целосно уништена, откако Португалецот побарал од играчот да внимава што зборува пред медиумите, па дури и го повикал ако сака да го напушти тимот, да подаде барање за трансфер. Сепак, Французинот одговорил дека од сега, Жозе Мурињо може да комуницира со него само преку неговиот агент, Мино Раиола.
Погба беше избран за играч на натпреварот против Лестер, откако реализираше пенал при победата од 2-1, а Мурињо ја окарактеризира неговата претстава како „монструозна“. Французинот веќе ја носи и капитенската лента.