Добитник на наградата за најдобар фудбалер во англиската Премиер лига за сезоната 2017/18 е играчот на Ливерпул Мохамед Салах.
Салах наградата ја доби во изборот организиран од Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија.
Египетскиот интернационалец игра одлична сезона со постигнати 31 гол во Премиер лигата и вкупно 41 во сите натпреварувања во „црвениот “ дрес.
Салах го изедначи рекордот (31) кога сезоната во Премиер лигата траела 38 кола, додека само три погодоци го делат од рекордот (34) кога се играле 42 кола.