Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година го доби распоредот на натпревари во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство.

Противници во групата на младите македонски фудбалери се Франција, Србија, Украина, Фарските Острови и Ерменија.

Македонија ќе го отвори квалификацискиот циклус во Франција на 2 септември, а пет дена подоцна ќе игра против Србија во Скопје.

Распоред на натпреварите:

2.9.2021 Франција – Македонија
7.9.2021 Македонија – Србија
7.10.2021 Фарски Острови – Македонија
12.10.2021 Ерменија – Македонија
11.11.2021 Македонија – Украина
16.11.2021 Македонија – Франција
24.3.2021 Србија – Македонија
29.3.2022 Македонија – Фарски Острови
1.6.2022 Македонија – Ерменија
7.6.2022 Украина – Македонија