Во Франција, во Лига 1, на пет кола до крајот на фудбалската сезона ПСЖ има недостижни 85 бода, 19 повеќе од второпласираниот, Лил. За ПСЖ тоа е шеста шампионска титула последниве седум години, вкупно осма во клупската историја (формиран е во 1970 година). На мечот против Монако (3-1) на кој беше заверена титулата, Килијан Мбапе постигна три гола, а првпат по отсуство од речиси четири месеци поради повредата на стапалото настапи Бразилецот Најмар.
Мбапе е првиот играч што постигнал 30 првенствени погодоци во Франција, по Жан-Пјер Папен за Марсеј во сезоната 1989/90, односно вториот фудбалер на ПСЖ што постигнал најмалку три хет-трика во Ла лига во една сезона. Поуспешен од него е само Карлос Бјанки во сезоната 1977/78 со четири меча на кои постигна по три гола.