Во знак на поддршка на Македонската фудбалска репрезентација, која за првпат се пласираше на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одигра подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата, на седницата донесоа Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари.
Ова значи дека подготвителниот натпревар на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините.
За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада.