Белгија третпат годината ја завршува како светски број еден на листата на ФИФА
Македонската репрезентација остана на истото место како и во ноември и во октомври, на декемвриската ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), и годинава ја завршува на 68-то место, на кое беше и во декември минатата година. Црвено-жолтите во 2019 година варираа со пласманот од 68-то (четири пати) до 73-то место (во јуни). Најдобриот пласман на Македонија на листата на ФИФА е 46-то место во октомври 2008 година. Од минатата година ФИФА има сосема нов начин на пресметување на поените за рангирањето.
На листата на ФИФА вкупно се рангирани 210 репрезентации од целиот свет, а на рангирањето за декември имаше промени на пласманите на само 12 репрезентации во однос на минатиот месец.
На врвот, Белгија останува лидер пред Франција и Бразил, кои беа на истите места и во декември 2018 година. Годинава зад водечката тројка се Англија (лани беше петта), Уругвај (седми), Хрватска (четврта), Португалија (шеста), Шпанија (деветта), Аргентина (11-та), Колумбија (12-та) итн. Белгија третпат ја завршува годината на првото место (претходно во 2018 и во 2015 година).
ПРВОПЛАСИРАНИ ПРЕТХОДНИВЕ ГОДИНИ
ГОД. РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
2019 Белгија
2018 Белгија
2017 Германија
2016 Аргентина
2015 Белгија
2014 Германија
2013 Шпанија
2012 Шпанија
2011 Шпанија
2010 Шпанија
пласманот е за декември
ПЛАСМАН НА МАКЕДОНИЈА
ГОД. МЕСТО
2019 68
2018 68
2017 76
2016 162
2015 136
2014 100
2013 83
2012 81
2011 103
2010 76
пласманот е за декември