По оддржаната ждрепка за Лигата на шампионите, веднаш најмногу внимание предизвикува групата А, каде што се Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, апсолутни фаворити во групата со белгискиот Бриж и турскиот шампион Галатасарај.
Супер интересно ќе биде и во групата Ф, каде што, покрај Барселона, се и Борусија Дортмунд и Интер заедно со чешкиот шампион и аутсајдер во групата, Славија Прага.
Динамо Загреб камбекот во Лигата на шампиони ќе го има во групата Ц, каде што се и Манчестер сити, Аталанта и Шахтјор Донецк, а Црвена звезда исто така има моќна група со Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос.
Актуелниот европски шампион, Ливерпул, повторно го доби Наполи како противник, но е апсолутен фаворит за првото место во групата Е со Ред бул Салцбург и Генк. Во групата Д, Јувентус ќе се судри со Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен и Локомотив Москва.
ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
ГРУПА А
Пари Сен-Жермен (Фра)
Реал Мадрид (Шпа)
Клуб Бриж (Бел)
Галатасарај (Тур)
ГРУПА Б
Баерн Минхен (Гер)
Тотенхем (Анг)
Олимпијакос (Грц)
Црвена звезда (Срб)
ГРУПА Ц
Манчестер сити (Анг)
Шахтјор (Укр)
Динамо Загреб (Хрв)
Аталанта (Ита)
ГРУПА Д
Јувентус (Ита)
Атлетико Мадрид (Шпа)
Баер Леверкузен (Гер)
Локомотив Москва (Рус)
ГРУПА Е
Ливерпул (Анг)
Наполи (Ита)
Ред бул Салцбург (Авт)
Генк (Бел)
ГРУПА Ф
Барселона (Шпа)
Борусија Дортмунд (Гер)
Интер (Ита)
Славија Прага (Чеш)
ГРУПА Г
Зенит Санкт Петербург (Рус)
Бенфика (Пор)
Лион (Фра)
РБ Лајпциг (Гер)
ГРУПА Х
Челси (Анг)
Ајакс (Хол)
Валенсија (Шпа)
Лил (Фра)