Со натпреварите од шестото коло, вечерва и утревечер, завршува групната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал. Веќе се познати 12 тима што обезбедија пласман во осминафиналето (Ајакс, Атлетико, Барселона, Баерн, Борусија, Јувентус, Манчестер С., Манчестер Ј., Порто, Реал, Рома и Шалке), а во трка за уште четири места се седум тима (Интер, Ливерпул, Лион, Наполи, ПСЖ, Шахтар и Тотенхем).
Во еден од најпривлечните дуели вечерва (група Ц), финалистот од минатата сезона и петкратен првак Ливерпул го пречекува Наполи (на првиот меч Наполи победи со 1-0). На „црвените“ за пласман во нокаут-фазата им е потребна победа, со 1-0 или со два гола разлика, за да бидат барем втори. Другото сценарио е трите тима да имаат ист број бодови, по девет. Тогаш ќе решаваат меѓусебните дуели, гол-разликата, голови на гости итн. Најнеочекувано сценарио би бил пораз на ПСЖ.
Во групата Б, исто така, се очекуваат возбудливи дуели. Барселона, која е сигурна, го пречекува Тотенхем, кому му е потребен еден бод, па и три за освојување на второто место. Интер дома игра со ПСВ и се чини дека е во нешто поповолна ситуација, бидејќи победата, па и ремито (и пораз на Тотенхем), ќе значи пласман во осминафиналето.