Дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер, уште се надева дека ќе биде продаден на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ упатиле две понуди за англискиот репрезентативец, а вториот предлог е во износ од 60 милиони фунти. Но, и двата беа одбиени од „Лисиците“ кои дури и сакаат да му понудат нов договор на играчот.
Според „Манчестер ивнинг њуз“, Хари Мегваер се уште може да биде продаден, но само ако Јунајтед плати за него 75 милиони фунти.
Иако Лестер тврди дека англискиот репрезентативец ќе остане, клубот во секој момент ќе ги финализира трансферите на двајца други централни дефанзивци. Се работи се Филип Бенковиќ од Динамо Загреб и Чаглар Сојонџу од Фрајбург. Тие ќе чинат вкупно околу 35 милиони фунти.
Претходно денеска германските медиуми објавија дека дефанзивецот на Баерн Минхен, Џером Боатенг се откажал од трансфер во Манчестер Јунајтед, но „Скај спортс“ тврди дека се уште е можна слична зделка.