Полјакот Роберт Левандовски (31) постигна два гола за Баерн на мечот против Фортуна Дизелдорф (5-0), за него 29-от првенствен или 43-от на 37 натпревари сезонава во сите фудбалски натпреварувања. На Левандовски, кој го израмни личниот рекорд од сезоната 2016/2017, кога исто така постигна 43 гола, потребни му се уште 11 за да го израмни рекордот на легендарниот Герд Милер, кој во сезоната 1971/1972 постигна 40 првенствени гола, исто така за Баерн.
Левандовски, кој е и првиот фудбалер што постигнува 29 гола на возраст над 30 години, може да се пофали и со податокот дека постигна голови против сите 18 бундеслигаши. Баерн ја прокнижи четвртата победа откако продолжи сезоната во германската Бундес-лига, притоа постигнувајќи 13, а примајќи само два гола. Баерн стигна и до бројката од 85 гола сезонава, што е рекорд во Бундес-лигата по 29 кола. Ова беше и осми триумф во низа за Баварците, 14-ти на последните 15 меча.