Тренерот на Дерби Каунти, Френк Лампард беше презадоволен по победата на неговиот тим на средбата со Манчестер Јунајтед во Лига купот.
Дерби победи на пенали по нерешените 2:2 по 120 минути на „Олд Трафорд“.
– Шокиран сум. Губевме во раната фаза, се вративме резултатски, на крајот примивме изедначувачки гол и по сė покажавме карактер. Горд сум на моите играчи – рече Лампард.
Легендарниот фудбалер на Челзи оваа сезона за прв пат е во улога на тренер, ја предводи екипата на Дерби Каунти која настапува во Чемпионшип Дивизијата.