Американскиот фудбалски клуб Лос Анџелес галакси ќе постави статуа пред стадионот, на некогашната англиска фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам пред почетокот на новата сезона во американската професионална лига (МЛС).
Идејата беше објавена во согласност со сопствениците на сезонски билети, а се смета за прва од ваков вид во МЛС. Статуата ќе биде поставена пред главниот влез на стадионот.
Бекам пристигна во клубот во 2007 година, одигра 122 меча за Галакси и им помогна во триумфите во Купот на МЛС во 2011 и во 2012 година. ЛА галакси во првиот меч од сезоната се среќава со Чикаго, на 2 март.