Коста е еден од тројцата играчи, заедно со капитенот Коке и дефанзивецот Хименез, плус тренерот Симеоне, од тимот што ја освои титула во 2014 година и тој верува дека моментниот состав на играчи е доволно добар за да се повтори успехот, пишува „Ројтерс“

ФУДБАЛ – ШПАНИЈА

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, изјави дека тие имаат доволно „длабок“ состав и менталитет за да ја освојат титулата во шпанската фудбалска Ла лига сезонава, откако тој постигна гол на враќањето од повредата во саботата, со 3-1, над Елче, пишува „Ројтерс“.
Коста е еден од тројцата играчи, заедно со капитенот Коке и дефанзивецот Хозе Хименез, плус тренерот Диего Симеоне, од тимот што ја освои титула во 2014 година и тој верува дека моментниот состав на играчи е доволно добар за да се повтори успехот.
– Ние сме тим со одлична структура и имаме сѐ што е потребно за да се тркаме со најголемите екипи и мора да бидеме таму горе со нив – рече тој пред новинарите, пренесе „Ројтерс“.

На мечот со Елче, Коста погоди првпат сезонава, од белата точка, откако Луис Суарез погоди двапати. Коста рече дека тој и Уругваецот имале здраво чувство за конкуренција, што било случај и со целиот тим.
– Се надевам дека тој ќе продолжи така, јас сум многу среќен за него, тој е природен стрелец и колку повеќе постигнува погодоци, толку подобро ќе биде за тимот. Ќе продолжиме да постигнуваме голови и да се бориме за да влеземе во тимот, додека се почитуваме еден со друг. За тоа се работи, ако сакаме да постигнеме нешто големо сезонава, треба да бидеме како во сезоната кога ја освоивме Ла лига, кога имавме одлична екипа и кога еден играч беше повреден, друг влезе и го задржа истиот стандард – рече Коста, пренесе „Ројтерс“.