Меѓу 10-те шпански клуба, кои имаат позитивни фудбалери на ковид-19,
предничи Атлетик Билбао со шест
Во клубовите во шпанската Ла лига се забележани 22 позитивни тестови на ковид-19 откако избувна што, пак, се заканува да им ги наруши плановите на клубовите и пред новата натпреварувачка сезона. Од клубовите најмногу позитивни фудбалери има Атлетик Билбао (шест), пишува „Марка“.
Валјадолид објави дека вирусот го загрозува и нивниот клуб, а списокот на заразени играчи се зголемил по враќањето од летниот одмор. Заразените фудбалери, од кои многумина не се именувани, нема да се вратат на тренинзите додека не бидат негативни. Неколкумина фудбалери, како што се шесте играчи на Атлетик Билбао и играчот за врска на Барселона Жан-Клер Тодибо, на социјалните мрежи веќе потврдија дека имаат ковид-19.
Десетте екипи што беа погодени изминатава недела од вирусот се: Атлетико Мадрид (Анхел Кореа и Шиме Врсаљко), Атлетик Билбао (Инаки Вилијамс, Оијан Сансет, Унаи Лопез, Гаиска Ларазабал, Иниго Кордоба и Унаи Нунез), Барселона (Тодибо), Осасуна (Јагоба Арасате), Валенсија (двајца неименувани играчи), Бетис (Лорен Морон), Хуеска (двајца неименувани), Гранада (Максим Гоналон), Алавес (тројца неименувани) и Селта Виго (двајца неименувани играчи).