Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино, ги поздрави одложувањата на Европското првенство и на Копа Америка (континенталното првенство на Јужна Америка) за следната година.
ФИФА за вчера најави видеосостанок со членовите на Советот, на кој покрај формалното одобрување за одложувањето на овие два настана требаше да се расправа и за клупското Светско првенство (СП) во Кина закажано за летото 2021 година, кое, најверојатно, ќе биде презакажано за втората половина од 2021, за 2022 или за 2023 година. 


ФИФА ќе донира 10 милиони долари на фонд на СЗО

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе му донира 10 милиони долари на Фондот за солидарност на Светската здравствена организација (СЗО), најави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Тој рече и оти ќе формира „глобален фонд за помош во фудбалот“ за да им помогне на членовите на фудбалската заедница погодена од оваа криза.