Италијанецот Жоржињо претрча најмногу на ова ЕП, вкупно 86,6 км, а најмногу поминати километри кога соодветната репрезентација ја имала топката во нозете имал Шпанецот Педри, 38,3 км, кој имал и најмногу додавања на противничката половина, 348, и најмногу т.н. пробивни додавања, 31. Роналдо, пак, постави неколку рекорди за голови, мечеви, учества…
ФУДБАЛ – СТАТИСТИКА ПО ЕП 2020
Европското првенство (ЕП) 2020 се заокружи како најефикасно откако на континенталните првенства се игра групна фаза (од 1980 година). Вкупно беа постигнати 142 гола, што е просек од 2,78 погодока по натпревар (на оваа листа потоа се ЕП 2000 со просек од 2,74 и ЕП 1984 со 2,73 гола по меч), имаше 27 меча на кои една репрезентација не прими гол, шест црвени картони и многу, многу повеќе.
Италијанецот Жоржињо претрча најмногу на ова ЕП, вкупно 86,6 км (12,3 км по меч), а најмногу претрчани километри кога соодветната репрезентација ја имала топката во нозете имал Шпанецот Педри, 38,3 км. Шпанската репрезентација имаше најмногу додавања на турнирот (5.051) и најдобра стапка на комплетирани додавања (89,6 отсто), а Педри, фудбалерот на Барселона се обидел со најмногу додавања на противничката половина, 348, и имал трета највисока стапка на комплетирани додавања (91,1 процент). Т.н. пробивно додавање на Педри е една од многуте извонредни одлики на неговата игра, а тој на ова ЕП имаше најмногу клучни додавања, 31 (12 повеќе од второпласираниот на оваа листа за ЕП 2020, Коке од Шпанија), пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Педри, исто така, стана првиот европски фудбалер во историјата на големи турнири (ЕП и светски првенства) што почнал дури шест вакви натпревари на возраст до 18 години.
Португалецот Кристијано Роналдо со пет гола ја освои „златната копачка“ за најдобар стрелец на ЕП 2020, на кое тој постави неколку рекорди. Роналдо сега е најдобар стрелец со вкупно 14 гола на континентални првенства, има најмногу настапи, 42 (заедно квалификации за ЕП и ЕП), тој е првиот што играл и бил стрелец на пет европски првенства, првиот европски фудбалер со 20 настапи на СП и на ЕП заедно…