Фудбалската репрезентација на Италија убедливо ја совлада Турција со 3-0 на вечерашниот натпревар од групата А одигран во Рим, со кој беше отворено Европското првенство.
„Аѕурите“ поведоа со автоголот на Мерих Демирал во 53-та минута, Чиро Имобиле го зголеми водството во 66-та минута за Лоренцо Инсиње на асистенција на Имобиле да го постави конечниот резултат во 79-та минута.
Во рамки на истата група А утре се среќаваат Велс и Швајцарија (15 часот), додека потоа следуваат мечевите Данска – Финска (18 ч.) и Белгија – Русија (21 ч.) од групата Б.