Победата на Валенсија на гости кај Валјадолид со 2-0 во последното коло на Примера со што Валенсија избори пласман во Лигата на шампиони идната сезона се наоѓа под сомнеж во врска со големата акција на шпанската полиција за „местење“ фудбалски натпревари.
Досега лишени од слобода се неколкумина функционери, сегашни и екс-фудбалери, меѓу кои и поранешниот играч на Реал Мадрид, Раул Браво.
Шпанската ТВ станица „Антена“ пренесува дека шпанските истражители проверуваат нерегуларности во мечот од 18 мај годинава на кој Валенсија нагости, со головите на Солер во 36. и Родриго во 52 минута славеше кај Валјадолид со 2-0 и така се избори за пласман на четвртата позиција на табелата која носи во ЛШ.
Неколкумина играчи на Валјадолид се под истрага. Тие на мечот немаа императив на победа затоа што една недела претходно го осигураа опстанокот во најквалитетното фудбалско друштво во Шпанија.
Валенсија пред неколку дена ја шокираше Барселона во финалето на Купот на кралот победувајќи ја со 2-1.