Актуелниот европски шампион Баерн Минхен ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Ал Ахли и Ал Духаил во полуфиналето на Светското клупско првенство, што ќе се одржи во Катар од 1 до 11 февруари. Ова е резултат од ждрепката влечена денеска во седиштето на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во Цирих, Швајцарија.
Во второто полуфинале, освојувачот на Копа Либертадорес ќе се сретне со победникот од средбата помеѓу Тигрес и Улсан. Во финалето на Копа Либертадорес ќе играат Сантос и Палмеирас на 30 јануари.